РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА: IX постојка – Исус паѓа трет пат под крстот

Лука 10,25-37

Товарот од нашите гревови е многу тежок: Исус паѓа и трет пат, но не останува на подот, го подигнува својот крст и го носи за да биде распнат. Треба да ја испие таа чаша до дното. Во оваа трето паѓање раните уште повеќе му се разрануваат. Крстот го носи на рамото без мрморење, чекор по чекор, уште малку…

Исус се мачи под крстот. Неговите рани нè лечат и нè ослободуваат. Секој човек е спасен со оваа жртва. Има ли поголема жртва од оваа да се даруваш самиот себе за другиот? А јас? Јас се трпам самиот себе, паѓам под товарот на своите гревови.

Те сретнав на многу улици и ти ја подадов мојата рака. Од темнината ме избави и во бела облека ме облече. Викам кон тебе Исусе мој, бидејќи повторно паѓам под крстот на моите гревови, под товарот на моите слабости и како без уста говорам „не“. И прв, втор и трт пат и повторно паѓам Исусе. Ме опфаќа тегоба и срам, и се борам со малодушноста која ми го исполнува умот и душата и ми ја огорчува мојата внатрешност; „Не си достоен.“

Моите слабост ме влечат до дното и ми велат дека не смеам да се осудам да ти се приближам: И сакаат да не ја прифатам твојата рака, да не ги подигнам очите кон тебе. Знам дека не сакаш да лежам на подот и дека сакаш да побрзам кон исповедникот, покајувајќи се за своите гревови и повторно да се сретнеме: Се подигам: Не е лесно, душата ми е вознемирена. Ме повикуваш, твојата рака ме подига. Ми влеваш нова надеж, нова светлина и не се плашам повеќе, бидејќи сум во твоите раце.

Деветта постојка: Исус ни вели: И по трет пат паднав. И кога сите помислија дека нема да можам да станам, јас станав, го зедов крстот и го однесов на Голгота. Се е можно и тогаш кога сите мислат дека е невозможно.

Ќе дојде момент кога ќе ти кажат: „Од тебе ништо не бидува. И ти ќе помислиш: „Не можам повеќе.“ Ќе дојде време на твојата потполна немоќ. Сознаваш дека повеќе не можеш. Ќе се разочараш ли? Не плаши се! Тоа е само врата за да ме најдеш. Кога повеќе не можеш да сметаш на себе, тогаш ќе ме најдеш. Тогаш ќе ми се обратиш со сето срце и јас ќе ти отворам. Тоа е крст: потполно да изгубиш до крај да бидеш напуштен, повеќе никој на тебе да не семта, кога секој ќе изгуби надеж од тебе. Тој крст те прави посилен. Сакаш ли да го прифатиш тој крст? Не плаши се, бидејќи јас сум со тебе. Јас го победив светот.

Подготви: о. Д.Т.

Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене

Категорија: духовнитекстови

За авторот