Преку пасторална пракса во Куманово до свештеничко ракопoлагање од папата Фрањо

Рим, 20.4.2013 /к.мк/ – Во недела, 21 април, папата Фрањо за епархијата Рим ќе ракоположи десет нови свештеници. Светата Литургијата ќе започне во 9.30 часот во базиликата свети Петар во Ватикан. Десетте ѓакони доаѓаат од следните семинарии: четворица од „Големата Римска семинарија“ (Romano Maggiore), четворица од колегиумот „Мајка Откупителка“ (Redemptoris Mater) и двајца од семинаријата „Богородица на Божјата љубов“ (della Madonna del Divino Amore).

Еден од нив е Иван Младинео, 28 годишен Хрват, парохиски викар во Свети маченици од Уганда (Santi Martiri dell’Uganda), го стекнува своето образование на колегиумот „Мајка Откупителка“ (Redemptoris Mater) и вели: „потекнувам од семејство со 10 деца. Мојот постар брат е свештеник, две од моите сестри се Кармелиќанки во Шпанија.“

Иван Младинео своето време предиведено за пасторална пракса во траење од една година го помина во мисијата Ад Гентес во Куманово.

Категорија: Македонија, Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*