Прва Света Причест и Миропомазание во Скопската катедрала

Скопје, 20.05.2013 /к.мк/ Празникот Духови, денот кога завршува велигденското време во Црквата, во скопската катедрала Пресвето Срце Исусово традиционално беше прославен со примање на Прва Света Причест на најмалите членови на Црквата како и Свето Миропомазание односно т.н. кризма за младите. Светата Миса беше предводена од Н.В.П монсињор д-р Киро Стојанов бискуп Скопски и Апостолски егзарх кој во својата проповед говореше за значењето на Педесетница како роденден на Црквата. Толкувајќи го Евангелието тој нагласи дека Светиот Дух говори со јазикот на љубовта, а тој јазик сите го разбираат. Потоа, следеше обнова на крстните завети, а најмладите ги принесоа даровите до олтарот. По завршувањето на Светата Миса следеше заедничка фотографија на првопричесниците и миропомазаниците, нивните кумови и родители заедно со бискупот Киро Стојанов. Мисата беше збогатена со  духовни песни во чест на овој празник од страна на катедралниот хор под диригенство на сестра Татјана Атанасова. И овој пат придружбата на оргули беше на проф. Марија Докузова.

Инаку, на самиот почеток од Светата Миса бискупот ги пренесе поздравите, молитвите и честитките на отсутниот скопскиот парох дон Мато Јаковиќ упатени до сите верници, а особено до првопричесниците и кризманиците. (Е.Абјаниќ/фото:Р.Кардалев)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*