Патрониот празник Пресвето Срце Исусово свечено одбележан во Битола

Битола, 09.06.2013 /к.мк/ – Во парохиската црква Пресвето Срце Исусово со света Миса беше одбележан патрониот празник на парохијата. Светата Миса во 18.00 часот беше предводена од отец Гоце Костов. Покрај присутни верниците од парохија, на светата Миса беа присутни и млади верници од парохии од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија, кои учествуваа на семинарот во организација на Фондацијата Конрад Аденауер на тема „Религијата во медиумите“.

Оваа прекрасна црква со голема традиција, сместена на Широк Сокак е редовно посетувана од бројни поклоници, а беше посетена и од претставници на верските заедници кои учествуваа на семинарот кој се одржа овој викенд во Битола. (Е.Абјаниќ)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*