Папата Фрањо: Бог е посилен од злото

Ватикан, 12.6.2013 /к.мк/ – Црквата нека ја отвори својата врата како секој би се почувствувал сакан и дека му се простува, а и оние кои се далеку од Црквата да почувствуваат дека се прифатени со љубов и почит –  тоа е пораката на папата Фрањо која е упатена на Генералната аудиенција одржана во среда 12 јуни на која говореше за Црквата како „Божји народ“ од Вториот ватикански собор. Пред повеќе од 70.000 верници на плоштадот Свети Петар Папата со пристуните верници воспостави вистински дијалог, прекинуван со аплаузи.

Не станува збор за одбрана или непристапна група, туку станува збор за Божји народ чија врата секогаш се отворени кон светот, чиј што закон е христијанската љубов, тоа е народ кој прифаќа, почитува, простува и охрабрува. На тоа мислеа соборските оци кога истакнаа дека Црквата е Божји народ. Папата Фрањо тоа повторно го истакна многу „пластично“, односно описно, што е одбележје на неговите катехези кои се директни и ги вклучуваат слушателите; тие не се задоволувааат само со слушање, туку поттикнуваат на вистинско учество.

Да се биде Божји народ пред се значи дека Бог не припаѓа на ниту еден народ; бидејќи Тој е оној кој не повикува, собира, не повикува да бидеме дел од Неговиот народ, а тој повик е упатен кон сите, без разлика, бидејќи Божјото милосрдие „сака сите луѓе да се спасат“ (1 Тимотеј 2,4). Исус не им вели на апостолите, а ниту пак на нас, да формираме затворена, елитна група – рече Папата. (…) Би сакал да им кажам на оние кои се чувствуваат одалечени од Бог и Црквата, оние кои се плашат или се рамнодушни, кои мислат дека не можат повеќе да се променат: Господ и тебе те повикува да бидеш дел од Неговиот народ, и тоа го прави со голема почит и љубов – истакна Светиот Отец.

Клучен збор е љубов, „љубов кон Бог и кон ближниот“. Љубов која не е – како што објасни папата Фрањо – неплодна сентименталност или нешто неодредено. Тоа е признавање на Бог за единствен Господар на животот, и истовремено, прифаќање на другиот како вистински брат, надминувајќи ги при тоа поделбите, ривалството, неразбирањето и самољубието.

Кога читаме во весниците или гледаме на телевизија за бројните војни меѓу христијаните, па како може да се случи тоа? – праша Папата. Колку многу војни помеѓу Божјиот наорд! Во градските населби, на работните места, колку војни поради завист и љубомора! Па и во самото семејство, колку внатрешни војни! – забележа Папата и истакна: Мораме да го молиме Господ да ни даде добро да го сфатиме тој закон на љубовта. Колку е убаво кога едни со други се сакаме како вистински браќа. Колку е убаво!

Меѓутоа за папата Фрањо не е доволно да се ограничиме само на убавината на христијанската порака. Бара чекор повеќе, обврска која Пастирот ја дава со насмевка, а стадото со воодушевување ја прифаќа. Да сториме нешто уште денес– поттикна Светиот Отец. Сите можеби ние имаме некој кој ни е симпатичен и некој кој не ни е симпатичен; можеби многумина меѓу нас се лути на некој. Поради тоа кажи му на Господ: Господи, лут сум на него или на неа, те молам за него и за неа. Да молиме само за оние на кои сме им налутени, тоа е убав чекор во овој закон на љубовта. Ќе го направиме ли тоа? Да го направиме денес! – силно повика Светиот Отец.

Законот на љубовта не треба да го уреди само животот на еден христијанин, туку треба да се навестува. Кој го наследува Христос – напомна Светиот Отец е сол и квасец за светот, светлина. Како оние сјајни светилки кои можат да го осветлат Олимпискиот стадион во Рим, или стадионот Свети Ловро во Буенос Аирес – рече папата Фрањо. Светлината може да ја просветли и мрачната стварност одбележана со зло. Злото е присутно, ѓаволот делува – напомна Папата. Но сакам гласно да истакнам: Бог е посилен! Верувате ли дека Бог е посиелн? Да кажеме заедно: Бог е посилен – поттикна папата Фрањо и додаде – А знаете ли зошто е посилен? Бидејќи тој е Господ, единствен Господ!

На крајот папата Фрањо посака Црквата да биде место на Божјото милосрдие и надеж, во која секој се чувствува дека е прифатен, сакан, дека му се простува и се охрабрува да живее евангелски живот. А за да го почувствуваат тоа луѓето Црквата треба да има отворена врата за да можат сите да влезат. А ние треба да излеземе од таа врата и да го навестуваме Евангелието – истакна Папата. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<