Објавена првата енциклика на папата Фрањо – Светло на верата (Lumen Fidei)

Ватикан, 5.7.2013 /к.мк/ – Светло на верата (Lumen Fidei) е насловот на првата енциклика на папата Фрањо која е обајвена во петок 5 јули во Ватикан. Документот кој се објавува во Година на верата започна да ја пишува Бенедикт XVI додека беше папа. По неговото повлекување, документот премина во рацете на папата Фрањо. Светиот Отец го доврши и ја потпиша енцикликата на 29 јуни.

Енцикликата е поделена во 60 точки, а содржи вовед, четири поглавја и заклучок.

Најчесто поставувано прашање е кој е авторот на енцикликата: папата Бенедикт или папата Фрањо? Во Година на верата папата Бенедикт XVI направи прва верзија, додека папата Фрањо со братска благодарност го презема текстот и вметнува исто така свој личен допринес.

Документот говори за најмилите теми на почесниот папа Бенедикт XVI од поврзаноста на верата и разумот до радоста од личната средба со Христос. Енцикликата се објавува во склоп на Година на верата и по повод 50 години од Вториот ватикански собор.

Цел на енцикликата е да се покаже заедништвото на Црквата како заедница која своето исполнување го има во Воскреснатиот Христос. Повикани сме одново да го откриеме светлото кое ги води луѓето низ темнината на себичните побуди во свет на заедништво втемелен на Божјот ветување за животот.

Енцикликите се јавни писма на Папата до светот. Папата Иван Павле II објави14, додека Бенедикт XVI три енциклики.

Енцикликата можете да је преземете од линкот.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*