Јужен Судан: Помош на Папата за настраданите од поплавите

Јужен Судан: Помош на Папата за настраданите од поплавите

Бискупијата Малакал во Јужен Судан доби помош од папата Фрањо за погодените од поплавите.

Во октомври оваа година, папата Фрањо испрати 75.000 долари на бискупијата Малакал (Јужен Судан) преку Дикастеријата за целосен човечки развој за помош на жртвите од поплавите. Неодамна, папскиот делител на милостина, кардинал Конрад Крајевски, испрати уште 30.000 долари за да ја изрази солидарноста на Папата со луѓето во неволја. Во среда, 8 декември 2021 година, по повод празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, бискупот на епархијата Малакал заедно со секретарот на Апостолската нунцитура на сиромашните им доставија пакети купени со овие средства.

Најголемиот камп за раселени лица во земјата се наоѓа во Бентиу, каде што повеќе од 120.000 луѓе се згрижени од граѓанската војна во 2013 година. Од август минатата година, уште 50.000 луѓе беа погодени од поплавите. Повеќето од нив потекнуваат од бискупијата Малакал

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот