Штип: Парохискиот Каритас обезбеди пакети со храна за ромски семејства
На 8 април, Светскиот ден на ромите Парохиски Каритас – Штип преку Македонски Каритас обезбеди пакети со прехранбени производи за најранливите ромските семејства, кои пред две години беа опожарени и останаа без кров над главата. Хуманитарната акција на Парохискиот Каритас од Штип беше спроведена во соработка со Општината и градоначалникот на Штип, прим. м-р Илчо Захариев.
На овој начин во Година на милосрдието, Каритас ја искажува својата делотворна љубов кон оние во потреба, без разлика на нивната национална или верска припадност.
к.мк/о. Т.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија