(Видео) Шефицата на најголемата организација за абортус снимена како продава делови од телата на абортираните деца
Дебора Нукатола, жената која управува со медицинскиот оддел на Planned Parenthood (Планирано Родителство),
е снимана во ресторан, среќавајќи се со истражувачи кои глумеле претставници на една биотехнолошка компанија, како објаснува кои органи од абортираните бебиња се најбарани и како нивните гинеколози настојуваат да не ги оштетат во текот на абортусот.
Медицинската управителка на Планирано Родителство тајно е снимена на видео како продава делови од абортирани бебиња и објаснува дека нивните гинеколози користат одредени методи при абортусот за да го сочуваат неоштетено телото на детето, за подоцна полесно да го продадат.
Скандалозното видео кое го снимиле истражувачите на активностите на најголемата американска организација за абортус која своите клиники ги има низ сите делови на САД, одекна во таа земја. Бројни медиуми сега бараат преиспитување на работата на Планирано Родителство и скратување на финансирањето со државни пари, а гувернеротна Луизијана Боби Џиндал веќе најави истрага против филијалата на Планирано Родителство во својата држава.
На видеото за кое се зборува, се појавува гинекологот Дебора Нукатола, жената која управува со медицинскиот оддел на таа организација и е одговорна за праксата во сите нејзини клиники. Таа е снимана во ресторан, каде се сртенала со истражувачи кои глумеле претставници на една биомедицинска компанија. Нукатола мирно го јаде својот оброк и пие вино додека зборува за тоа кои делови од телата на абортираните бебиња се најбарани за научни истражувања. Така објаснува дека црниот дроб е најбаран, а исто така и дека „во последно време има побарувачка и за срце“, но и за „бели дробови и долни екстремитети“.
Притоа, сите индикации покажуваат дека Нукатола признала, не знаејќи дека е снимана, дека нивните гинеколози го користат илегалниот метод „делумно абортирање при пород“ кој во САД е забранет од 2003 година, а кој се состои од специјален суров процес во кој гинекологот ги забива ножиците во черепот на детето. Всушност користењето на ножици, објаснила Нукатолав е пресудно за зачувување на оние делови од телото кои подоцна ќе бидат продадени неоштетени.
„Повеќето абортуси ќе се извршуваат со помош на ултразвук, така што гинеколозите знаат каде ги забиваатножиците. Потоа одлучуваат, нема да го допрат овој долен дел, туку ќе го уништат горниот дел, а овој ќе се обидат да го сочуваат“, објаснува Нукатола на истражувачите помеѓу две голтки вино.
При сето тоа, Планирано Родителство, рекла Нукатола, „внимава да не изгледа дека клиниката продава ткива за да заработи пари“, и додала дека деловите од телото чинат од „30 до 100 долари“.
Организацијата која стои зад ова видео – Ценатар за медицински прогрес – е уврена дека сниматиот материјал нуди доволно докази за отпочнување темелна истрага против Планирано Родителство. Меѓутоа, како што пишува католичката страница National Catholic Register, видеото во морална смисла е неподносливо, но дали има во него нешто при што може да биде подигнато обвинение – тоа е друго прашање. NCR укажува на тоа дека трговијата со човечки органи е противзаконска, но да продава „фетални ткива“ за целите на медицината, како што законот тоа го дефинира – не е илегална. Содржината на видеото никаде не покажува со одредена јасност дека Нукатола признава користење на илегални методи. Меѓутоа. она поради кое Планирано Родителство би можело да има проблем е фактот што видеото покажува дека организацијата профитира од таа продажба, што би било противзаконски; и дека нејзините гинеколози користат одредени медоти за абортирање само за да можат подоцна да ги продадат деловите од телата на абортираните деца – што исто така е противзаконско.
Планирано Родителство, организација која ужива силна поддршка, па и финансиска, администрацијата на претседателот Барак Обама веќе издала соопштение во кое тврди дека видеото е „тенденциозно“ и дека нивната директорка не кажува ништо проблемтично на него, затоа што се зборува за продажба на фетални ткива.
Меѓутоа се чини дека органзиацијата овој пат нема да помине така лесно затоа што неколку pro-life лидери побараа конгресна истрага, а организирано е и потпишување петиција.
Ова видео кое ги шокираше САД и целиот свет само ја потврдува тезата – абортусот навистина е профитабилен бизнис па и во тој свој аспект.
Битно.нет/к.мк/Б.Р.