Честитка од Македонски Каритас до епископот Стојанов по повод инаугурацијата на новата епархија и устоличувањето на првиот Епарх

Честитка од Македонски Каритас до епископот Стојанов по повод инаугурацијата на новата епархија и устоличувањето на првиот Епарх

По повод свечената инаугурација на новооснованата епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ и устоличувањето на првиот епарх монс. д-р Киро Стојанов, во име на Македонски Каритас честитка упати директорот дон Паво Шекерија. Во честитката до Неговото Високопреосвештенство стои:

„Од сè срце Ви го честитам историскиот и радосен ден за Црквата во Македонија и Ви честитам Вам лично како прв именуван Епарх на новооснованата Епархија и на доверената Ви служба. Со Вас сме во благодарноста за верноста и жртвата на сите оние кои се вградени во овој настан и во молитвата, денешната свечена инаугурација да донесе многу плодови во секој верник. Верувам дека овој чин на посебната грижа и љубов на Папата спрема оваа мала, осведочена (веродостојна) заедница ќе допринесе кон уште поголемо заедништво и љубов, чувствителност и солидарност, па ќе можеме сите заедно и преку делотворната љубов упатена кон оние кои се во потреба, секојдневно да ја откриваме убавината на Евангелието. Ви ги гарантирам нашите молитви и ја препорачувам во Вашите молитви работата на нашиот Каритас“, стои во честитката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот