По повод именувањето на дон Роко Гласновиќ за бискуп во Дубровник, монс. Киро Стојанов во среда 1 декември 2021 година упати честитка, која во оваа прилика ја пренесуваме во целост:
Драги монсињор Роко, новименуван дубровнички бискуп
По повод веста, во која е објавено Вашето именување за дубровнички бискуп, се радувам од срце заедно со свештениците, монашките заедници, црковните движења и верниот народ на Католичката црква во Македонија, воедно посакувајќи Ви Божји благослов за бискупската службата, која Ви ја довери папата Фрањо.
Исто така преку Вас честитам и на верниците од Дубровничката бискупија, посакувајќи во Духот на синодалното заедништво да чекорите во новите предизвици, придружувани од мудроста и силата на Светиот Дух што ќе донесе плодни дела на љубовта Божја.
Радоста е уште поголема поради вашата поврзаност со Јањево, парохија која беше некогаш дел од тогашната Скопско – призренска бискупија, и со силата на тоа заедништво ве доверувам под застапништво на Пресвета Богородица – Мајка на Црквата, свети Никола – заштитник на Јањево, свети Влах – заштитник на Дубровник и света Мајка Тереза – заштитничка на Скопска бискупија, братски Ве поздравувам!
+ Киро Стојанов
Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
Ватикан њуз/к.мк