Поглаварите на христијанските цркви во Словачка објавија заедничка декларација во која ја повикуваат владата да не ја ратификува Истанбулската конвенција. Документот беше прочитан во сите цркви во земјата на 25 февруари 2018 година. Тој е потпишан од страна на Католичката црква, Евангелската црква со аусбургско исповедување, Православната Црква, Реформираната христијанска црква, Црквата на Братството, Евангелско-методистичката црква, Баптистичкото единство на Баптистите, Апостолската црква во Словачка и осанати христијански цркви.
Во декларацијата христијанските поглавари ја истакнуваат важноста на законодавните норми за заштита на жените и семејното насилство, и ги повикуваат сите граѓани да се спротивстават на семејното насилство. Истовремено истакнуваат дека многу од предлозите содржани во Истанбулската конвенција содржат елементи од родовата идеологија. „Ние ја поддржуваме заштитата на жените од какво и да било насилство, но не можеме да се согласиме со идеологии кои презентираат еднаквоста како униформност и прибегнуваат кон негирање на разликите меѓу мажот и жената”, стои во декларацијата.
„Истанбулската конвенција корените на семејното насилство го гледа во „улогите“ на мажите и жените кои ги нарекува стереотипни – посочуваат претставниците на христијанските цркви. Конвенцијата го гледа решението на овој проблем, со отсранување на биолошки утврдените разлики во човечка природа на мажот и жената, и тие да бидат променети во корист на таканаречената Родова еднаквост”.
Христијанските лидери предупредуваат дека „во сите земји кои ќе ја ратификуваат Конвенцијата, ќе дојде до големи промени во законодавството, образованието и воспитувањето, бидејќи не може да бидат направени никакви отстапки во однос на која и да е одредба од оваа Конвенција, со исклучок на неколку помали делови”. Тие изразуваат и сомневање дека таквите експертските мислења можат да помогнат за ефикасно спречување на семејното насилство, а наместо тоа „ратификацијата ќе доведе до ширење на родова и антисемејна програма”.
Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе изјави дека Словачка нема да ја ратификува Истанбулската конвенција, уверувајќи дека неговата земја ќе ги вклучи во законодавство сите мерки насочени кон борба против насилството врз жените.
РВ/к.мк