Струмица: Црквата Свети Иван Крстител го прослави својот заштитник

На празникот Рождество на Свети Иван Крстител, 7 јули во истоимената парохиска црква во Струмица се служеше света Архиерејска Литургија по повод патрониот празник. Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

На почетокот од својата проповед Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов упати благодарни зборови најпрво до Бог, а потоа и до целата парохиска заедница за нејзиното ангажирање, што е знак на жива заедница. Во вториот дел од проповедта се осврна на празникот Рождество на Свети Иван Крстител и за неговото значење во животот на христијаните.

На крајот од литургиското славење парохот о. Гоце Костов се заблагодари на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов за неговото присуство и неговата пасторална грижа, а истовремено заблагодари и на сите оние кои го дадоа својот допринос за оваа свеченост.

По завршувањето на светата Литургија во дворот на Црквата од страна на верниците беше организирано агапе.

На патрониот празник на парохијата претходеше тродневница во црквата, која се одржуваше секоја вечер со почеток од 18.00 часот.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот