Црквата доби нови светци и блажени
На 3 април 2014 година Светиот Отец во приватна аудиенција го прими кардинал Анџело Амато префект на Конгрегација за прогласување на Светци. Во текот на аудиенцијата Светиот Отец добивајќи ги соодветните документи од Префектот, во каталогот на свети ги запиша и така нивното славење го прошири на универзалната Црква, следните блажени:
Фрањо де Лавал, епископ на Квебек, роден во Франција на 20 април 1623 година, а умрел во Квебек на 6 мај 1708 година.
Јосиф де Анчиет, свештеник од Дружбата Исусовци, роден во Сан Кристобал де Ла Лагуна на Канарските Острови на 19 март 1534, а умрел во Реритиби во Бразил на 9 јуни 1597 година; и
Марија од Овоплотувањето, основателка на манастирите на урсулинките во Квебек; родена во Турс во Франција на 28 октомври, а умрела на 30 април 1672 година.
Папата истовремено ја овласти Конгрегацијата за прогласување со декрет за пет чуда кои се препишуваат: по застапништво на блажен Иван Антониј де Фарин епископ на Виченца; блажен Чијарика Елија Чаваре свештеник, блажен Николе да Лонгобарди облат на редот на Најмалите, блажена Еуфразија од Пресветото Срце, монахиња од Конгрегацијата на Сестрите Мајка од Кармел; и чесен слуга Божји, Луиџи од Конзола.
Прогласени се исто така со декрет за херојски крепости и други осум Слуги и Служителки Божји.
РВ/Д.И.