Црквата во Монголија
Уланбатур, 11.4.2013 /к.мк/ – Во Монголија има само два проценти христијани, додека мнозинството од населението се со будистички и шамански убедувања, но истовремено и 40 проценти од населението кое се изјаснува како атеистичко. Сепак, како што јавува AsiaNews, за Велигден на велигденското бдеење со благословот на огнот кај многумина, во главниот град Уланбатур предизвика љубопитност. Во текот на тие обреди се крстени неколку десетици нови верници. Инаку првите мисионери стигнале пред 20 години од конгрегацијата на Безгрешното Срце на Марија. Денес тие имаат неколку прифатни центри за деца и стари лица, училишта и здравствени домови. Во оваа држава тешко се добива градежна дозвола за изградба на Црква. Двајца богослови се школуваат во Јужна Кореја и се подготвуваат за свештеничко ракополагање.