Во Центарот Мајка Тереза во Гевгелија по повод седмата година од основањето директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов додели пофалници на вработените за нивното залагање во работењето на Центарот Мајка Тереза
На 15 февруари 2024 година се одбележа седумгодишното постоење на Центарот за лица со посебни потреби Мајка Тереза во Гевгелија. По тој повод беше организиран ден на отворени врати на кој учество зедоа родители, соработници, пријатели и подржувачи на Центарот.
Директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов, поздравувајќи го персоналот на Центарот, како и присутните сестри Евхаристинки од Гевгелија, најпрвин ги пренесе поздравите и благословот на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх. „Честитајќи ви го денешниот ден сакам да ве поканам на силна волја да продолжите во духот на Мајка Тереза во секојдневните обврски кои се предизвикувачки во делувањето за подобро денес и утре на сите приматели на услугите во Центарот“, напомена директорот Стојанов.
Во рамките на одбележувањето на годишнината од постоењето на Центарот, директорот на Македонски Каритас, додели пофалници на вработените, за нивното залагање во работењето на Центарот Мајка Тереза. Во име на вработените, г-ѓа Зорица Трајкова, локален оперативен координатор, искажа благодарност на Македонски Каритас за подршката.
Одбележувањето на годишнината заврши со заедничко агапе.
Ватикан њуз/к.мк