Хуманитарна акција во ПОУ „Иднина“ во чест на Мајка Тереза
На 10 септември 2016 година во рамките на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ се одржа фризерска хуманитарна акција во Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје. Акцијата е во организација на Фризерската организација на град Скопје, ПОУ „Иднина“ и Католичка црква во Македонија. На средбата присуствуваа Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, министерот за одбрана на Република Макеоднија, г-дин Зоран Јолевски, жилинскиот бискуп Томаш Галис, како и бројни гости од Македонија и странство. Имено неколку фризери од Скопје на децата од посебното основно училиште им направија фризури, а во таа пригода се обрати и директорката на училиштето Анета Петровска, која им посака добредојде на гостите.
Децата од училиштето се претставија со своја програма, а во дворот на училиштето бискупот Стојанов, министерот Јолевски и директорката на училиштето Петровска засадија дрво – Охридска цреша – во чест на света Мајка Тереза.
Настанот продолжи со дружење, коктел и продажна изложба во просториите на училиштето.
к.мк