Христос е темелот врз кој е изградена Црквата

Во сабота 9 ноември на празникот Посветувањена Латеранската базилика, на светата Литургија во домот Света Марта папата Фрањо одржа кратка проповед во која потсети на денешниот ден, празник на градот Рим, Црквата во Рим, како и на општата Црква. Имено Латеранската базилика е римска катедрала и мајка на сите Цркви во Градот и светот.

Од читањата од денешната Литургија Светиот Отец подвлече три слики кои говорат за Црквата. Првото читање, од пророкот Језекиил и Псалмот 45 говорат за река вода која извира од Храмот и го прави радосен Божјиот град. Тоа е слика на милост која го помага и зајакнува животот на Црквата. Второто читање зборува за камен темелник кој што е Исус Христос, темел врз кој е изградена Црквата.

Евангелието пак ни говори за чистењето на Храмот, што е слика за реформа во Црквата:  Црквата секогаш ќе се реформира (Ecclesia semper reformanda), бидејќи членовите во Црквата секогаш се грешници и потребно им е преобраќање.

На крајот Светиот Отец ги повика верниците да молат за Црквата за да тече во неа вода на милоста, за да биде секогаш втемелена на Христос и да му биде верна, и нејзините членови секогаш да дозволуваат да ги преобрати Исус.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот