Христијаните во Европа се маргинализираат

Рим, 1.6.2013 /к..мк/ – Набљудувачката служба за несносливост против христијаните во Европската унија го објави својот годишен извештај за тоа колкава е дискриминацијата кон христијаните во Европската унија, при што посебно се спомнуваат омразата, законски ограничувања, затвор, притвор, ограничување на исповедување на верата или пак делување против совеста. Извештајот истакнува дека сите тие појави во земјите од Европската унија е во пораст, иако се нарекувааат демократски, како Велика Британија. Ако пак дојде до некои деликти како оној на Брејвик во Норвешка, веднаш се етикетира како христијански фундаменталист, а тоа со задоволство го пренесуваат медиумите.

Токму тоа и е потребно на медиумите, наспроти исламските фундаменталисти да најдат такви меѓу христијаните, истакнува Гудрун Куглер, една од авторките на извештајот и додава дека тоа во медиумите лесно се зема здраво за готово. Никој не се занимава со тој проблем, а во 2011 година имаше преку 200 такви случаи. Комисијата на европските епископи го поздрави извештајот сакајќи да сврти внимание на тоа дека и во Европската унија не се почитуваат човековите права за верата. Постои пораст во свеста дека христијаните се маргинализираат, посебно на работата и на професионално поле, изјави д-р Мартин Куглер, одговорен во набљудувачката служба. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<