Хиротонисан новиот Дубровнички бискуп, монс. Роко Гласновиќ

Хиротонисан новиот Дубровнички бискуп, монс. Роко Гласновиќ

За време на евхаристиското славење во катедралата Богородица Велика во Дубровник во сабота, 22 јануари 2022 година е хиротонисан новиот Дубровнички бискуп, монс. Роко Гласновиќ.

Главен посветител беше монс. Петар Палиќ, бискуп Мостарско-Дувањски и Апостолски администратор на Требиње и Мркањ, заедно со монс. Мато Узиниќ, Риечки надбискуп коадјутор и поранешен апостолски администратор на Дубровничката бискупија и монс. Томислав Рогиќ, Шибенски бискуп.

Во име на Дубровничката бискупија, за новиот бискуп од главниот посветител побара хиротонија дон Анте Буриќ, парох на парохијата Сети Петар –  Бониново. Булата за именувањето ја прочита Апостолскиот нунциј во Република Хрватска, монс. Џорџо Лингва.

Бискупот Палиќ во својата проповед потсети дека, според литургискиот обред, бискупот посветител во своето обраќање пред сите присутни и избраниот епископ треба да зборува за бискупската служба и ги повика сите кои учествуваат или го следат настанот преку медиумите да размислат за тоа во што учестуваат.

Бискупските обележја митрата и прстенот се подарок од семејството, роднините и пријателите на бискупот, а бискупското жезло е подарок од свештениците на Дубровничката епархија.

к.мк

 

Честитка на бискупот Киро Стојанов до новоименуваниот дубровнички бискуп Роко Гласновиќ

Папата Фрањо именува нов бискуп во Дубровник

Категорија: Вести, Свет

За авторот