Халдејскиот патријарх: Папата е подготвен да го посети Ирак

Халдејскиот патријарх: Папата е подготвен да го посети Ирак

„Светлината им носи надеж на луѓето кои многу страдаа. Самопрогласената исламска држава е победена и луѓето сакаат да се вратат – тоа го изјави Халдејскиот патријарх на Багдад, Луис Рафаел Сако, на претставувањето на новата иницијатива на Папската фондација „Помош за Црквата во неволја.“

„Светлината им носи надеж на луѓето кои многу страдаа. Самопрогласената исламска држава е победена и луѓето сакаат да се вратат.“ Тоа го изјави Халдејскиот патријарх на Багдад, Луис Рафаел Сако, на претставувањето на новата иницијатива на Папската фондација „Помош за Црквата во неволја,“ со која истовремено на 24 февруари ќе биде осветлен во црвено Колосеумот во Рим и две цркви во Мосул, Ирак и Алепо, Сирија – да се потсети на прогонетите христијани во светот.

„Има многу проблеми, но има и голема надеж“, рече патријархот, истакнувајќи дека од 20.000 иселени христијански семејства во провинцијата Ниневија, веќе 7.000 се вратени. „Ние ги охрабруваме христијаните кои се потпираат само на помошта на Црквата, бидејќи владата ги привилегира шиитите, сунитите и Курдите“. Според халдејскиот патријарх, „Црквата направи чудо со помош на Црквите и Епископските конференции од Западот.“

„Нашата црква исто така има потреба од морална, духовна и материјална помош за да даде придонес во обновата на земјата“, – додаде монс. Сако. Сега христијаните се половина милион, а пред војната бевме милион и половина. „Имаме потреба од поддршката на црквите на Западот. Херојскиот пример на прогонетите христијани, исто така, треба да им служи на христијаните од Запад за да ја преиспитаат своја вера.“

Патрирахот Сако потврди дека при посетата на Ватикан ја претставил програма за евентуална еднодневна посета на Папата на Ирак: посета на античкиот град Ур за да се служи екуменско слово; во Багдад, на средба со локалните религиозни и граѓански власти и Ербил за да се служи света Литургија. „Папата Фрањо е многу добро информиран за ситуацијата во Ирак и е подготвен да ја посети земјата. За сега тоа нема да биде можно поради тензиите меѓу Курдите и Арапите, нестабилната внатрeшно-политичката ситуација и безбедноста, рече Халдејски патрирах.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот