Во Наполи се наоѓа еден од најнеобичните манастири на светот.
Од 1976 година една заедница фрањевци во Наполи живеат од работите кои на другите не им требаат или ги фрлаат, а за храна им се послужува овошјето и зеленчукот на кое што бргу му поминува рокот. Дури и нивната адреса е нешто што другите од неодамна престанале да го користат – они пет вагони од 1940 – во сопственост на државата ги претвориле во манастир познат по името Станица на душата (La stazione dell’anima).
Вагоните им служат како капели, ќелии, исповедалници, место за работа и примање на посетители. Покрај тоа имаат мала градина и овоштарник. Осум фратри живеат во крајно сиромаштво истовремено помагајќи им на другите на кои им е потребна помош. Се трудат да го следат примерот на својот основач свети Фрањо Асишки фалејќи го Бог за сите созданија.
Делуваат во еден од најопасните квартови во Европа, во кој минуваат луѓе, се сочувствуваат со нив и се трудат да им пружат духовна утеха на оние со кои се среќаваат. Исто така служат во црквата и ги посетуваат затворите и болниците. Од добродетели не примаат пари, туку само потребното како кебиња и храна која ја готват на стара печка давајќи дел на лицата во потреба.
На многумина им е сигурно тешко да го сфатат овој начин на живот, а еден од фратрите се обидел да објасни на италијанскиот новинар за весникот Христијанско семејство (Famiglia Cristiana). „Возот претставува патувања но исто така едноставност и несигурност. Овие вредности настојуваме да ги обновиме со духовноста и учењето на свети Фрањо“, вели фра Карло.
Неделја/к.мк