Француските епископи го осудија варварството

Без оглед на матрицата неприфатливо и недозволено е оваа варварство. Погодена е нашата земја токму кога силно го чувствуваше националното единство. Националната солидарност повеќе од било кога мора да го отфрли тероризмот – изјавија француските епископи по кровпролевањата во Ница.

Тие ги повикаа сите католици во текот на неделните свети Литургии посебно да се молат за загинатите во нападот.

Зборувајќи за страдањето на невиниот народ епископот на Ница Андре Марсо кажа дека е шокиран, исплашен и дека не може да го сфати тоа што се случило. Овој е еден од тие избезумени гестови кои можат да се зачнат во човечкото срце, во срцето на еден човек. Зарем е можно човекот да направи такво крвопролевање? Човекот не е создаден за смрт, ниту е создаден за убивање. За мене е оваа вистинска соблазна, а така се чувствуваат многумина од кои денес имаме шокантни сведоштва од сите оние кои биле на местото на крвопролевањето – рече кардинал Марсо додавајќи:

Исто така е силно чувството на сочувство и близина. Но, треба да се повикаат сите луѓе да не се затвораат и да осамуваат во оваа „соблазна“ на злото која што е шокантна и која можеби со право би можела да поттикне на омраза, неразбирање и затворање. Тоа треба да се избегне по секоја цена. Ги повикувам сите луѓе едни на други да си бидат близу да разговараат и да одат во пресрет. Нашите цркви ќе бидат по цел ден отворени, ќе се моли луѓето да се доверат на Бог кој е извор на љубовта. Треба да се собере храброст за да се слуша воздишката на срцето, воздишката на трпењето и крикот на разбирањето – заврши епископот Марсо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот