Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот на 15 јули 2021 година попладне го посети богородичното светилиште Лурд. Го прими папскиот делегат за светски познатото богородично светилиште помошниот епископ Антоине Херуард.
Макрон го посети Лурд по повод годишнината од последната објава на Пресвета Богородица на Бернардета Субиру во 1858 година. Посетата на светилиштето францускиот претседател ја заврши со дводневна посета на Пиринеите.
Макрон (43) е претседател на Франција од мај 2017 години, потекнува од нерелигиозно семејство, но е католик, крстен на вораст од 12 години.
Во четвртокот на 15 јули по втор пат се одржа и светското виртуелно ходочастие под називот „Lourdes United“.
Во Лурд едно од најпознатите поклонички места на светот, Блажена Дева Марија во 1858 година и се објави на пастирката Бернадета Субиру. Црквата објавата официјално ја призна во 1891 година за време на понтификатот на папата Леон XIII. Во светилиштето на југот на француските Пиринеи секоја година одат на ходочастие милион ходочасници.
Ватикан њуз/к.мк