Уште една донација на Парохискиот Каритас од Богданци

Уште една донација на Парохискиот Каритас од Богданци

После само еден месец од последната донација, Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 7 декември 2023 година реализираше уште една акција за лицата во потреба, донирајќи алишта на ЈУ Специјален завод – Демир Капија.

Отец Тома Ангелов, парох во Богданци, истакнува дека оваа помош во користена облека за лицата во потреба е благодарение на жителите на Богданци и околните места, кои согласно своите можности донираат користена облека и така на конкретен начин ја покажуваат својата грижа кон оние во потреба.

Парохискиот Каритас од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци континуирано со години наназад донира користена облека на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија, но и на други установи и лица во потреба.

Акцијата на Парихискиот Каритас во Богданци за собирање на облека продолжува и во наредните месеци, а се со цел да им се помогне на оние кои се во потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот