„Како што Хрисос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние можеме да одиме во обновен живот“ (Рим 6,4).
1..За да се воскресне со Христос, треба најпрво да се умре со Христос, треба „да го напуштиме телото и да се прибереме при Господа (2 Кор 5, 8). Упатството Piam et constantem од 5 јули 1963 година од Светата Канцеларија одредуваат „верно да се држи обичајот за погребувањето на телата на верниците“, додавајќи дека кремирањето не е „само по себе спротивно на христијанската вера“, и не треба да се негираат повеќе светите Тајни и погребниот обред на оние кои барале да се кремираат, под услов тој избор да не е направен „како негирање на христијанските догми, или со секташки дух, или од омраза против католичката вера и Црква. Оваа промена на црковната дисциплина подоцна е прифатена во законикот за Канонско право (1983) и во законот на Канонот на Источните Цркви.
Во меѓувреме, праксата за кремирање значително се проширува во многу држави, но истовремено се прошируваат и новите идеи спротивставени на верата на Црквата. По соодветното сослушување на Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина, Папскиот совет за толкување на законските прописи и бројните бискупски конференции и синодот на Источните Цркви, Конгрегацијата за науката на верата сметаат дека одговара да се објави ова упатство, со цел потврдување на доктринарните и пасторалните причини за избор на погребувањето на телото и објавување на прописите кои се однесуваат за чувањето на пепелта во случај на кремирање.
2.Исусовото Воскресение е главната вистина за христијанската вера, навестувана како важен дел на воскресното таинство од самите почетоци на христијанството: „Ви го предадов најнапред она, што го бев примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Он беше погребан, и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, и дека му се јави на Кифа, и потоа на единаесетте“ (1Кор 15, 3 – 5).
Преку својата смрт и воскресение, Христос нас нѐ ослободи од гревот и ни даде пристап до нов живот: „како што Хрисос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние можеме да одиме во обновен живот“ (Рим 6,4). Понатаму, Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените…; и како што по Адама сите умираат, така и во Христа сите ќе оживеат“ (1 Кор 15, 20 – 22).
Ако е вистина дека Христос ќе нѐ воскресне во последниот ден, исто така вистина е и дека во извесна смисла, веќе сме воскреснале со Христос. Преку Крштението навистина сме потопени во Христовата смрт и воскресение и светотаински сме асимилирани во Него: „Откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој го воскресна од мртвите“ (Колосјани 2,12). Соединети со Христос преку Крштението, веќе на вистински начин учествуваме во животот на воскреснатиот Христос (спореди Ефес. 2,6).
Благодарение на Христос, христијанската смрт има позитивно значење. Црквата во литургијата моли: „На твоите верници, Господи, животот не им се одзема, туку се менува; а додека се уништува живеалиштето на ова земско престојувалиште, се подготвува вечно живеалиште на небото“. Со смртта, душата се одвојува од телото, но со воскресението Бог ќе се врати да даде нераспадлив живот на нашите преобразени тела, соединувајќи ги со душата. И денес Црквата е повикана да ја навестува верата во воскресението:„ Воскресението од мртвите е верата на христијаните: ние сме христијани преку верата во воскресението“.
3.Верна на старите христијански традиции, Црквата упорно препорачува телото на умрените да се закопува во гроб или на некое друго свето место.
Спомнувајќи си на смртта, погребот и воскресението Господово, во светлината на тоа таинство се покажува христијанската смисла на смртта; погребувањето во прв ред е соодветен облик за покажување на верата во надежта за телесното воскресение.
Црквата, која како Мајка ги следи христијаните во текот на земското ходочастие, прикажува кон Отецот, во Христос, дете на неговата милост, а на земјата предавање на смртните остатоци со надеж дека ќе воскреснат со слава.
Погребувајќи ги телата на верниците, Црквата ја потврдува верата во воскресението на телата, и има намера да го истакне високото достоинство на човековото тело како составен дел на личноста кое го сочинува историјата на телото. Не може, така, да се допушти постапка на обред кој вклучува погрешно сфаќање за смртта, било како потиснување на луѓето, било како за момент на нејзино стапување со мајката природа или вселената, или пак како етапа на реинкарнација, или како конечно ослободување од телесниот „затвор“.
Освен тоа, погребувањето во гробовите или на други свети места одговара на побожноста и почитувањето кои се должат кон телата на починатите верници, кои преку Крштение станале храм на Светиот Дух, со кој Духот „како со инструментите и садовите, свето служел за да се извршат бројните добри дела“.
Праведниот Тобија се фали поради заслугите пред Бога дека ги погребувал мртвите, а Црквата погребувањето го смета за дел од телесното милосрдие. На крај, погребувањето на телата на покојните верници во гробовите или на други свети места ги поттикнува членовите на семејството во целата христијанска заедница на спомен и молитва за покојните, како и на чест на мачениците и светците.
Погребувањето на телата во гробовите, во Црквата или на други соодветни места, христијанската традиција го сочувала заедништво помеѓу живите и мртвите, а се спротивставува на тезата дека се крие или приватизира случувањето на смртта и значењето што таа го има за христијаните.
4.Таму каде што хигиенски, економски или социјални фактори наведуваат избор за кремирање, а тој избор не е изречен или претпоставен како желба на верникот, Црквата не гледа доктринарни факти за спречување на таквата пракса, со оглед на тоа дека кремирањето на телото не се однесува на душата ниту пак ја спречува Божјата моќ да го воскресне телото, па така не ја задржува објективната негација на христијанската наука за бесмртноста на душата и воскресението на телото.
Црквата и понатаму дава предност на погребувањето на телата, бидејќи така се искажува поголемо почитување спрема починатите; и покрај тоа, кремирањето не е забрането, „освен ако се избира поради причини кои се спротивни на христијанската наука“.
Во отсуство на инцијативата против христијанското учење, црквата, после спроведените обреди, изборот за кремирање го прати соодветно со литургиските и пасторални чинови, водејќи сметка да се избегне секој облик на соблазна или верска рамнодушност.
5.Кога поради оправдани причини се избира кремирање на мртовецот, пепелта на покојниот по правило треба да се чува на некое свето место, т.е. во гробот или, ако е таков случај, во некој црква или на некое свето место кое е одредено од страна на Црковната власт.
Од самиот почеток христијаните сакале да се молат за покојните и да се сеќаваат на луѓето од христијанската заедница. Нивните гробови станувале место на молитва, сеќавање и размислување. Починатите верници се дел од црквата, која верува во заедништвото на „оние кои се ходочасници на оваа земја, починатите кои се чистат и небесните блаженици; сите заедно ја сочинуваат Црквата“.
Чувањето на пепелта на некое свето место може да придонесе за намалување на опасноста од скратување на молитвата и сеќавањето на роднините и христијанската заедница на починатиот. Освен тоа, така се избегнува можноста за заборавање и непочитување, што може да се случи особено после првите генерации како и непримерни и празноверни активности или постапки.
6.Поради наведените факти, не е дозволено да се чува пепелта во куќите. Освен во случај на тешки исклучителни околности, кои зависат од локалната култура, обичаите, со согласност од Бискупската конференција или синодот на Источната Црква, може да се дозволи чување на пепелта во куќа. Пепелта пак не може да биде поделена помеѓу фамилијата, а секогаш е добро да се вети почитување и соодветни услови за чување на пепелта.
7.За да се избегне секоја пантеистичка, натуралистичка и нихилистичка заблуда, не е дозволено расфрлање на пепелта во воздух, под или во вода или пак на некој друг начин, или пак претворање на пепелта во сувенир, чување во кутија за накит или други предмети, имајќи на ум дека за тие постапки причината за кримирањето не може да се сведе на хигиенски, социјални или економски причини.
8.Во случај кога починатиот јавно изразил желба за кремирање и расфрлање на пепелта во природа поради причини спротивна на христијанската вера, црковниот погребен обред, согласно законот, мора да се скрати.
Врховниот првосвештеник Фрањо, примајќи го во аудиенцијата на 18 март 2016 година, потпишаниот кардинал префект, го одобрува упатството, кое на 2 март е усвоено на редовното заседание на Конгрегација за науката на верата, и наредува да се објави.
Рим, од седиштето на Конгрегацијата за наука на верата, 15 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Герхард кардинал. Милер, раководител
+ Луис Ф. Ладарија, ДИ, секретар
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк