Трет ден: Оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја

Трет ден: Оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја

Почитуван читателу,

Денес сме исправени пред прашањето: Дали ќе ја прифатиме понизноста, која во денешното општество е отфрлена и заборавена. А можеме да одиме по патот Господов само доколку ја живееме понизноста.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

Оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуват сите родови. Бог погледна на смиреноста на Марија и ја возвиши од смиреноста, во која беше како создание, ја воздигна до највисокото ниво после Господ, кој ја удостои да стане мајка на Господ. Поради таа единствена и најпосебна привилегија, Марија потврдува дека ќе ја нарекуваат блажена сите народи. Таа е единствена на која Бог ѝ ја даде таа благодат која нема да ја даде на никое друго создание на земјата. Душо моја, Бог погледна и на твојата смиреност. Иако Тој не те воздигна на висината на Марија, сепак те удостои да му станеш сакана свршеница штом си се посветила целосно на Него. Зарадувај се душо моја во твојот Спасител зашто погледна на твојата смиреност и те возвиши многу. Да, припаѓај целосно на Исус душо моја, живеј, диши, страдај и умирај само за Него. И сите родови ќе те ублажуваат зашто заедно со Марија ќе го најдеш вистинското блаженство кое е самиот Бог.

Прашања

Дали ја прифаќам понизноста, дали сум понизен? Се замислувам ли самиот себе дека сум нешто повеќе од другите? Се споредувам ли со другите?

Подготви: с. Евхаристинки /к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот