Тоа е чекор назад во историјата – со тие зборови надбискупот Силвано Мариjа Томази, член на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој го опиша новиот нуклеарен план на САД.
Тоа е чекор назад во историјата – со тие зборови надбискупот Силвано Мариjа Томази, член на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и поранешен постојан набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, го опиша новиот нуклеарен план на САД. А папата Фрањо зборувајќи за нуклеарното оружје веќе предупреди дека на човештвото му се заканува самоубиство.
Ми се чини дека направивме чекор назад во историјата – истакна надбискупот Томази и додаде: Се враќаме на ситуацијата која беше во текот на Студената војна, на натпреварување во тоа кој има помоќно оружје за да се има што поголемо влијание на меѓународната ситуација. Повторно започнува трката во наоружувањето и тоа навистина е чекор кој длабоко ја вознемирува моменталната ситуација. Од една страна повторно се инвестира голем капитал во оружјето наместо во социјалните услуги кои им се потребни на луѓето, на кои им е потребно лекување, храна или едноставно развој – рече надбискупот – а од друга страна создаваме нова непотребна тензија помеѓу нуклеарните сили.
Во овој момент се наоѓаме во ситуација која не ветува ништо добро – рече поранешниот набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации во Женева и истакна дека станува збор за потврдување на силите кои поттикнуваат натпреварување и се зголемува опасноста од случајна или тактичка експлозија на некоја атомсла боева глава, со последици кои не знаеме да ги предвидиме, и со кои не би знаеле да се носиме во случај да започен тој ланец на потези и одговори.
За Пентагон, новиот план на Соединетите Американски Држави произлегува од фактот дека треба да се гледа во очите на реалноста и да се види каков е светот денес. На прашањето која е заканата денес, надбискупот Томази одговори дека заканата се раѓа од натпреварувањето во вооружувањето, затоа што ако некој си набави нови средства за напад кои се технолошки софистицирани, другиот ќе мора и ќе сака да покрене за да се постигне истата способност, ако не и да ја надмине.
Секоја пресуда тогаш станува затворен круг – истакна надбискупот Томази и рече дека треба да го послушаме гласот на папата Фрањо кој и неодамна, во текот на патувањето во Чиле и Перу повторно предупреди на трката во нуклеарното вооружување и употребата на таквите средства за уништување кои треба да бидат отстранети; затоа сите мораме да работиме за да воспоставиме меѓународни односи засновани на довербата, а не на взаемни закани. Тоа е патот кој води до мирот и развојот, а не кон трката за вооружување – рече на крајот надбискупот Томази.
РВ/к.мк