Во четврток на 28 декември 2017 година во швајцарскиот град Базел започнува јубилејната 40 средба на младите од христијанските заедници – Тезе, а која ќе заврши на 1 јануари 2018 година.
Се очекува присуство на околу 15.000 млади од повеќе од 45 земји. Младите треба да доживеат како во Европа постојат подрачја во кои наднационалната соработка веќе стана нешто саморазбирливо – рече во разговот за германската Католичка информативна агенција (KNA), приорот на заедницата Тезе, брат Алоис. И тоа ќе продолжи. Сакаме да поттикнеме да се забележи и позитивниот развој во нашето општество и да се промовира – рече приорот.
Брат Алоис ја истакна врската помеѓу актуелниот „европски умор“ и „испарувањето на верата“ во поголем дел од Европа. Црквите имаат одговорност да им помогнат на младите луѓе да ја живеат својата вера на нов, подлабок и поличен начин. Кој тоа ќе го открие, тој уште посилно ќе се залага за Европа – објасни приорот на заедницата Тезе.
Додаваме дека европски средби на млади организира спомнатата екуменска заедница која од своето основање во 1940 година се разви во духовен центар за млади и семејства во цела Европа, а започнува од 1978 година во европските градови да се одржуваат големи годишни средби.
РВ/к.мк
Таг: Тезе
Клучни зборови: брат Алоис, Тезе, Базел