Папата на Твитер повторно посочува извадок од енцикликата „Fratelli tutti“. Имено, на неговиот профил во сабота 26 февруари 2022 година се појавија две фотографии со распетие и зборови преведени на украински и руски јазик. Во вчерашниот телефонски разговор со неговото блаженство Свјатослав Шевчук, врховниот архиепископ Киевско – калички, Папата ја вети неговата посветеност за мирот.
Папата Фрањо на својот Твитер профил објави слика од Христос на крстот и ја придружи со силни зборови, преведени на украински и руски. Овие зборови се веќе присутни во енцикликата Fratelli tutti, документ кој го гледа братството како клуч за живот во мир и кој не нѐ остава рамнодушни во овие денови на насилство и смрт. Твитер пораката на профилот @Pontifex го придружува хаштагот #PreghiamoInsieme (Молиме заедно) и #Ucraina. Токму молитвата е она што Папата го побара, одлучувајќи 2 март Чиста среда, да биде ден на пост и молитва за мир.
„Секоја војна го прави нашиот свет полош отколку што беше. Војната е неуспех на политиката и човештвото, срамно предавство, пораз пред силите на злото“.
Нека се направи сѐ што е можно за да се постигнете мир
Освен тоа, Секретаријатот на неговото блаженство Свјатислав Шевчук, врховен архиепископ Киевско – калички на Украинската Источно католичка Црква, со седиште во Рим, во соопштение извести за вчерашниот телефонски разговор меѓу Папата и архиепископот. Папата Фрањо побара информации за ситуацијата во Киев и воопшто во Украина и изрази подготвеност да направи сѐ што е во негова моќ. За време на разговорите тој се интересирал за состојбата на епископите и свештениците на најпогодените територии од руската воена операција. Папата се заблагодари на украинската Источно – католичка Црква за близината со народот, за одлуката да остане со народот и што ги стави на располагање подземните простори на Киевската катедрала, кои станаа вистинско прибежиште. На крајот, Светиот Отец ги вети своите молитви и го сподели својот благослов за напатениот украински народ.
Да потсетиме, вчера напладне папата Фрањо отиде во амбасадата на Руската Федерација во Светиот Престол, на чие чело е амбасадорот Александар Авдеев, и во разговор кој траеше околу 30 минути, ја изрази својата загриженост за војната во Украина.
Ватикан њуз/к.мк