На 16 јули, Црквата ја слави Пресвета Богородица Кармилска, а по тој повод папата Фрањо со своите следбеници на Твитер сподели кратко размислување.
Нека Блажена Дева Марија Мајка и Царица на Кармил ве придружува на вашиот секојдневен пат кон Божјото брдо – истакна папата Фрањо во пораката која ја објави на својот профил на Твитер по повод празникот на Блажена Дева Марија од брдото Кармил. Тоа брдо се наоѓа во Палестина по должината на Средоземното Море, а е место од каде што пророкот Илија жестоко ја бранел верата во Израел. Во средниот век верниците започнале да го слават споменот на заштитата на Мајка Божја која Пресвета Богородица ја пружила на оние кои носеле кармилски шкапулар. (…)
Ватикан њуз/к.мк