По завршувањето на светата Литургија во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстиел“ на Светол Вторник, 4 мај 2021 година епископот Стојанов, придружуван од парохот о. Гоце Костов, катедралниот парох о. Георги Трајков и парохиските викари о. Атанас Сирачев и о. Ристо Самарџиски, во процесија се упатија во црковниот двор каде што владиката Стојанов ја благослови статуата на Пресвета Богородица.
Со овој преуреден дел од дворот парохијата доби молитвено место, од каде верниците ќе можат да ги упатуваат своите молитви до Пресвета Богородица. Во петок 7 мај 2021 година започнува целодневно молење Света Бројаница пред статуата на Богородица.
Преуредувањето на дворот е овозможено со донации на повеќе верници од кои градежните работи се финансирани од Спасо Митров со неговото семејство, статуата од семејството Митко и Весна Манолеви, клупите од семејството o. Димитар и Зорка Ташеви, чешмата од семејството Томе и Билјана Танчеви, а свој удел има и семејството Марија и Горан Филипови, црковниот одбор и други помагатели.