Во недела 14 октомври 2018 година во парохијата Свети Иван Крстител Струмица по завршувањето на светата Литургија во салата „Света Мајка Тереза“ младите од парохијата одржаа анимација за Светскиот мисиски ден, кој Црквата го слави во недела 21 октомври.
На анимацијата најпрво беа презентирани два кратки филма за животот на мисионерите и нивната работа меѓу најсиромашните во Кенија и Источен Конго. Анимацијата беше зогатена со црковни песни придружувани со гитара.
к.мк