Статуата Марија од Назарет испратена од Струмица за Гевгелија

По 30 часа „молитвен маратон“ во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица статуата Марија од Назарет, во попладневните часови, во недела 22 мај 2016 година свечено е предадена на о. Димитар Ташев и верници од парохијата Свети Петар и Павле – Гевгелија.

Пред испраќањето на статуата Марија од Назарет о. Гоце Костов и о. Спасо Ристов го предводеа Молебенот до Пресвета Богородица, на кој присуствуваа голем број верници. Потоа од присутните верници следуваа поединечни кратки и лични молитви, благодарности и прозби до Марија од Назарет.

Во утринските часови во парохиската црква се служеше света Литургија на која о. Леонарди упати духовен поттик до верниците за побожност кон Богородица, а во текот на ноќта постојано се молеше во црквата.

Статуата Марија од Назарет своето послание го продолжува во Гевгелија (22-23 мај), Богданци(23-25 мај) и Скопје (25-27 мај) од каде ќе биде испратена за Косово.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот