Средба со верниците од скопската парохија по повод почетокот на синодата

Средба со верниците од скопската парохија по повод почетокот на синодата

На 4 ноември 2021 година во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа средба со верниците во рамки на синодалното патување, а истата ја отвори и водеше парохот дон Паво Шекерија. Покрај верниците на средбата присустваа монашките заедници и движењата кои делуваат во парохијата.

По краткиот вовед за значењето и целта на Синодата се дискусираше за предизвиците кои претсојата при што се разменија мислења и идеи. Согласно програмата се планираат и други средби на кои ќе се учествува со разни предлози, прашања и забелешки, а се во интерес на напредокот на Црквата.

Епископот монс. Киро Стојанов на 17 октомври 2021 година во катедралната Црква „Успение на Пресвета Богородица” во Струмица за Црквата во Македонија ја отвори Синодата со наслов: За синодална Црква, заедништво, учество, послание, а една недела претходно во базиликата Свети Петар во Ватикан папата Фрањо ја отвори синодата за целата Црква. Истата се одржува на пет континенти, следејќи ја тригодишната програма поделена на три дела, а која вклучува слушање, расудување и советување.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот