Во четврток 13 јуни 2023 година во просториите на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа работна средба на Македонски Каритас со Парохиските Каритаси. Средбата ја предводеше о. д-р Зоран И. Стојанов директор на Македонски Каритас, а на неа учествуваа претставници од парохиите: Раѓање на Свети Иван Крстител – Струмица, Свети Пророк Илија – Радово, Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала, Свети Никола – Секирник, Свети Кирил и Методиј – Богданци, Свети Кирил и Методиј – Петралинци, Свети Димитриј и Свети Георги – Сарај/Чанаклија, Свети Иван Крстител – Куманово.
На средбата се разговараше за актуелната ситауција со Парохиските Каритаси, а беа разгледани можностите за понатамошна соработка и унапредување на Парохиските Каритаси. На средбата е искажана благодарност до Македонски Каритас за подготвеноста да се поддржат Парохиските Каритаси.
Во рамки на средбата се одржа и работилница насловена „Ден на Каритас“, од која испаднаа конкрени иницијативи и предлози.
к.мк