Средба на двајца поглавари: Папата ја прими кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета II ’врховна поглаварка’ на Англиканската црква допатува во четвртокот во Ватикан во кратка посета на папата Фрањо кој е многу популарен во нејзината монархија.

Осумдесет и седумгодишната кралица и нејзиниот сопруг, принцот Филип (92) се задржаа во Рим само неколку часа.

После пристигнувањето на римскиот аеродром Чампино, кралицата Елизабета околу 13:00 часот по средноевропско време ја прими претседателот Џорџо Наполитано во палатата Квиринале.

Средбата со Папата се одржа во работната канцеларија покрај големата сала Павле VI, а не во Апостолската палата.

Обете страни сакаа „средбата да биде неслужбена и пријателска“, истакна гласноговорникот на Светата Столица, отец Федерико Ломбарди, додавајќи дека канцеларијата е избрана поради лесниот пристап.

Папата Фрањо после разговорот со кралицата Елизабета кој траеше 17 минути, ѝ предаде на кралицата глобус од скапоцен камен со сребрен крст на врвот, симбол на Христовата власт над светот, за „неговото кралско височество, принцот Џорџ од Кембриџ“, синот на Кејт и Вилијам, соопшти Светата Столица.

Друг значаен дар на папата Фрањо беше копија на Папскиот документ од 1679 со кој во целата Црква се воведува славењето на британскиот светец, св. Едуард, далечен роднина на кралицата.

Кралскиот пар му подари на Папата биопроизводи од нивниот имот – мед, мармелад, јајца, јаболковина и пиво – во голема кошница, со шише јаболков сок и шише виски, на што Папата малку се изненади.

Кралицата стигна во Ватикан со 20 минутно задоцнување и се извини велејќи дека „имала пријатен ручек со претседателот“ со Џорџо Наполитано, рекла во доверба.

Средбата на двајцата поглавари беше кратка, иако не недостасуваа чувствителни прашања, најпосле во врска со општествените промени кои ги делат англиканците и католиците и самите англиканци меѓусебно.

Англиканската црква која има 80 милиони верници во 165 земји, ја води надбискупот од Кентербери Џастин Велби, меѓутоа кралицата е нејзин поглавар, иако нема никаква вистинска власт над неа.

Папата е многу популарен меѓу Британците. Кралицата II дојде да го види и покрај својата висока доба.

Лаудато/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот