Папата Фрањо и новите кардинали во среда вечерта, 28 јуни 2017 година го посетија почесниот папа Бенедикт XVI. Тие се сретнаа со почесниот Папа во капелата на неговиот дом во ватиканските градини. Претходно папата Фрањо во базиликата Свети Петар свечено постави пет нови кардинали во Кардиналскиот колегиум.
Почесниот Папа, кој неодамна го прослави својот 90 роденден изгледаше телесно изнемоштено, но умствено сосема здраво. Во таа прилика тој накратко се обрати на новите кардинали.
Откако се повлече од Петровата служба, почесниот папа Бенедикт XVI се појавува многу ретко во јавноста.
РВ/к.мк