Сочувство на Папата за жртвите од земјотресот во Тајван
Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство по повод земјотресот кој го погоди тајванскиот град Таинан и околината, во кој многумина загинаа или се тешко повредени. Светиот Отец го испраќа своето молитвено сочувство до семејствата на загинатите и поврдеените, како и до лицата за итна помош и граќанските власти.
Доверувајќи ги душите на нежното Божјо милосрдие, се моли за изобилен Божји благослов за утеха и сила на ожалостените и сите кои се погодени од оваа трагедија – стои во телеграмата на папата потпишана од Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.
РВ/к.мк/го*ко