Во Ватикан ќе се одржи состанок помеѓу работните групи на Светиот Престол и Социјалистичка Република Виетнам
Состанокот на работните групи на Светиот Престол и Социјалистичка Република Виетнам ќе се одржи на 21 и 22 август 2019 година во Ватикан, а ќе се разговара за некои важни димензии од црковниот живот во таа земја, како и за прашања кои се однесуваат на статусот и посланието на папскиот преставник со седиште во Виетнам, како и за посета на папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, која се планира за блиска иднина – изјави Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Цел на средбата е развивање и продолабочување на билатераните односи. Виетнамската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи на таа земја То Ан Дунг, а Светиот Престол ќе го претставува Антони Камилери, заменик секретар за односи со државите – се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк