Соопштение од Светиот Престол за обвинувањата против кардинал Пел

Соопштение од Светиот Престол за обвинувањата против кардинал Пел

Светиот Престол со жалење ја прими веста за обвиненијата поднесени во Австралија против кардинал Џорџ Пел за дела стари со децении што му се припишуваат.

Откако стана свесен за обвиненијата, кардинал Пел, постапувајќи со целосна почит кон граѓанските закони, одлучи да се врати во својата земја за да се соочи со обвиненијата против него, препознавајќи ја важноста на неговото учество за да се обезбеди правилно спроведување на процесот и поттикнување на потрагата по вистината.

„Светиот Отец, откако кардиналот го извести, го ослободи од обврските за да може да се брани“

За време на отсуството на префектот, Секретаријатот за економија ќе продолжи да ги спроведува своите институционални задачи. Секретарите ќе останат на своите места за да ги продолжат обичните работи на дикастеријата, donec aliter provideatur.

Светиот Отец, кој ја цени чесноста на кардиналот Пел за време на тригодишната работа во Римската Курија, е благодарен за неговата соработка, а особено за неговата енергична посветеност на реформите во економскиот и административниот сектор, како и неговото активно учество во Кардиналскиот совет (С9).

Светиот Престол изразува почит кон австралискиот правен систем кој ќе мора да одлучи за основаноста на поставените прашања. Во исто време, важно е да се потсетиме на тоа дека кардинал Пел отворено и постојано ги осудува како неморални и неподносливи делата на злоупотреба извршени против малолетници; Во минатото соработуваше со австралиските власти (на пример, во неговите изјави пред Кралската комисија); ја поддржа Папската комисија за заштита на малолетници; и конечно, како епархиски епископ во Австралија, воведе системи и постапки како за заштита на малолетните лица, така и за помош на жртвите на злоупотреба.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот