Правото на здравствена заштита е прашање на праведност и мора да се загарантира рамноправна распределба на институциите и финансиските ресурси во согласност со начелата на солидарност и супсидијарност – стои во пораката која папата Фрањо ја испрати до кардинал Петер Турксон.
Правото на здравствена заштита е прашање на праведност и мора да се загарантира рамноправна распределба на институциите и финансиските ресурси во согласност со начелата на солидарност и супсидијарност – стои во пораката која папата Фрањо ја испрати до кардинал Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, по повод затворањето на 32 меѓународна конференција на тема „Соочување со глобалната нееднаквост на подрачјето на здравството“ која овие денови се одржа во Ватикан.
Темата е предложена од минатогодишната конференција соочена со јазот меѓу богатите и сиромашните земји, кога станува збор за пристапот до здравствена грижа и лекувањето. Драго ми е да слушнам – стои во пораката – дека е направен нацрт проект насочен за конкретно соочување со тие предизвици, имено воспоставување на оперативни платформи на делење и соработка меѓу католичките здрвствени институции кои се присутни во различни географски и општествени контексти. Папата ги поттикна актерите на тој проект да бидат упорни во задачата и да бидат промотори во институциите и фармацевските куќи сите да можат да го уживат правото на здравствена заштита.
Светиот Отец во писмото се фокусираше на еден „основен“ аспект, посебно за оние кои му служат на Господ грижејќи се за здравјето на своите браќа и сестри: димензијата на служење, придружба и поддржување на луѓето за кои се грижат. Во параболата за Добриот Самарјанин – продолжи папата Фрањо – Исус ни покажува практичен пристап потребен во грижата за нашите ближни кои страдаат, имено сожалувањето кое е повеќе отколку сочувствувањето или тагата. Тоа е подготвеност лично да се вклучиме во ситуацијата на другиот. Сожалувањето покрај тоа е способно да ја намали болката на осаменоста и вознемиреноста – рече Папата.
Сожалувањето е привилегиран пат за промовирање на правдата – продолжи Светиот Отец – бидејќи сочувствувањето со другиот човек ни дозволува само да ја разбереме неговата или нејзината борба, тешкотиите и стравовите, туку во кревкоста која го карактеризира секој човек, да ја откриеме неговата или нејзината единствена вредност и достоинство. Навистина, човечкото достоинство е темел на правдата, додека препознавањето на неизмерната вредност на секој човек е сила која нѐ поттикнува воодушевено и пожртвувано да работиме за надминување на разликите.
На крајот, Папата понуди предлог на фармацевските компании кои се повикани да учествуваат на конференцијата за да одговорат на проблемот за пристап до антиретровирусна терапија на детска возраст. Размислувајќи за новата повелба за здравествените работници, папата Фрањо повика сопствените закони на фирмите треба да го имаат на ум правото на пристап до клучните терапии, посебно во слабо развиените земји, како и здравствените стратегии насочени кон остварувањето на правдата и општото добро да бидат економски и етички одржливи.
РВ/к.мк