Во недела, 10 октомври, со свечена Литургија во базиликата Свети Петар, папата Фрањо официјално во Ватикан ќе ја отвори Синодата за синодалност. На евхаристиската служба ќе и претходи в сабота, 9 октомври, момент на размислување во новата сала на Синодата.
Работа на пленарни сесии и јазични групи
Саботната програма, според соопштението на Ватиканскиот прес центар, вклучува работа во пленарни и јазични групи. Ќе бидат присутни претставници на Божјиот народ, вклучително и делегати од меѓународните средби на епископските конференции и слични тела, членови на Римската курија, братски делегати, делегати од посветениот живот и црковни движења, младинскиот совет и други.
Размислувања
Папата Фрањо ќе учествува во првиот дел од работата, закажан од 9.00 до 13.00 часот. Потоа ќе следи медитација на отец Пол Бере, Исусовец од Буркина Фасо и Кристина Иногес Санц, шпанска теологиња.
Синодот ги слуша верниците
Потоа, Папата ќе одржи говор, по што ќе следи поздрав од кардиналот Жан-Клод Холерик, генерален релатор на Синодата. Се очекуваат и шест сведоштва: прво, на млада жена од Јужна Африка, потоа монахиња од Соединетите држави, која ќе зборува преку видео стриминг и на крајот бискуп од Кореја. По паузата, австралиско семејство ќе ги понуди своите сведоштва – повторно преку видео стриминг; и повторно со стриминг, ќе зборува свештеник од Бразил; циклусот на сведоштва ќе го заврши, свештеник лично задолжен за монашко општество во Франција. По моментот на тишина, кардиналот Марио Греч, генерален секретар на Синодата, ќе ја прочита неговата порака. Потоа, во 11 часот, ќе започне работата во мали групи, а од 11.30 часот ќе се одржи семинар, а учесниците ќе бидат поделни во јазични групи.
Литургија во базиликата Свети Петар
Сите присутни ќе учествуваат на светата Литургија следниот ден, недела, 10 октомври, со почеток во 10.00 часот, која ќе ја предводи папата Фрањо во базиликата Свети Петар. Со оваа евхаристиска служба, официјално ќе биде отворена Синодата на Универзалната црква и за Римската епархија.
И работата на пленарната седница во сабота и светата Литургија во недела ќе бидат директно пренесувани од Ватиканските медиуми.
Ватикан њуз/к.мк