Со изложба на фотографии одбележан роденденот на блажена Мајка Тереза
На 26 август Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ и парохискиот викар дон Јошт Мезег ја посети Спомен куќата на блажена Мајка Тереза во Скопје.
Повод за посетата беше одбележувањето на 105 годишнината од раѓањето на блажената Мајка Тереза и во таа прилика е организирана изложба на фотографии на тема: „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“.
Оваа кратка изложба започна со поздравен говор до бискупот Стојанов, до лицата од културниот живот на град Скопје, како и до сите останати присутни. Откакако накратко беше претставен животот и делото на блажена Мајка Тереза, беа престатвени и фотографиите на кои се прикажани средбите на блажена Мајка Тереза со верските и политичките водачи, како и фотографии со цитирани зборови за блажена Мајкаа Тереза од познати личности
к.мк