Семејството и младите во центарот на разговорите помеѓу Папата и Шпанскиот премиер
Ватикан, 16.4.2013 /к.мк/ – Економската криза и дипломатските односи беа главните теми на разговорот на папата Фрањо со премиерот на Шпанија Маријано Рахој Бреј, кој, во понеделник 15 април беше примен од Светиот Отец на аудиенција во Ватикан. Шпанскиот премиер Рахој Бреј е првиот европски премиер кој папата Фрањо го прима во приватна аудиенција во неговиот понтификат. При тоа се говореше и за потешкотиите за семејства и младите, предизвикани од економската криза. И двајцата ја истакнаа големата улога на Црквата и црковните организации, како Каритас кои на многу обесправени им стојат на располагање. Премиерот Рахој Бреј на 19 март лично во базиликата Свети Петар на папата Фрањо му го честита изборот. Во таа прилика го покани да ја посети Шпанија.