На 11 ноември 2017 година, папата Фрањо по пат на видео порака се обрати на учесниците на меѓународниот симпозиум за постсинодскиот апостолски поттик „Amoris laetitia“ на тема „Евангелието на љубовта помеѓу совеста и нормите,“ која овие денови се одржува во Рим, во организација на Италијанската бискупска конференција.
Светиот Отец рече дека доброто на семејството е одлучувачко за иднината на светот и Црквата. Семејство кое е родено од бракот создава плодни врски кои се покажуваат како најделотворен противотров за индивидуализмот кој се шири. Папата потсети дека на патот на брачната љубов и семејниот живот, исто така постојат ситуации кои бараат тешки избори кои треба да се донесат во согласност со исправниот разум.
Во семејната реалност понекогаш постојат конкретни „чворови“ на кои мора да се одговори со разумна совест. Важно е сопружниците, родителите да не се остават сами, туку да се придружуваат во нивното определување да го живеат Евангелието во конкретноста на животот. Од друга страна, добро знаеме дека сме повикани да формираме совест, а да не се преправаме, да не ја замениме – истакна папата Фрањо.
Папата ја критикуваше честата тенденција во современиот свет „првенствено совеста“ да се замени со „ексклузивната автономија на поединецот“ кога станува збор за односите кои личноста ги негува во својот живот. Важно е секогаш да се почитува совеста на поединецот, но притоа е потребно да се биде внимателен за да не се западне во „егоидологија.“ Станува збор за почитувањето на „јас“, на чиј олтар се жртвува сѐ, вклучувајќи ги односите кон нашите ближни. Тој поглед не е безопасен: го обликува човекот така што постојано да се гледа во огледалото, додека не стане неспособен да го упати својот поглед кон другите и кон светот. Егоидеологијата може да има сериозни последници бидејќи станува збор за „загадување“ кое ја нагризува душата и ги поматува умовите и срцата, создавајќи лажна илузија.
Цитирајќи го германскиот идеолог Роман Гардијан, папата Фрањо порача дека од тој затвор на „јас“ може да се ослободи единствено ако пронајдеме точка која не е моето его: точка повеќе отколку што сум јас; нешто цврсто и што делува во мојата внатрешност. Со тоа доаѓам до својот центар, односно религиската реалност. Тоа добро е нешто живо, тоа е полнотата на вредностите на истиот жив Бог.
Во длабочината на секој поединечно од нас се наоѓа место на кое се открива Таинството кое го просветлува секој човек, правејќи го протагонист на својата историја – истакна Светиот Отец потсетувајќи дека Вториот ватикански собор во пасторалната конституција „Gaudium et spes – Радост и надеж“ научува дека совеста е „најсокриено јадро и светилиште на човекот, каде тој е сам со Бог, чиј глас одекнува во неговата внатрешност“ (GS 16).
Задачата на христијанинот е да биде буден така што во тој табернакул да не недостасува божествената милост која просветлува и ја зајакнува брачната љубов и родителското послание – рече Папата, додавајќи дека милоста ги исполнува човечките срца со извонредна сила на дарот, обновувајќи го така за денешното семејство чудото во Кана Галилејска.
Сакајќи да ја разјасни мислата, Светиот Отец потсети на она што го кажа на 8 јуни 2016 година за време на Генералната аудиенција во среда: „Претворајќи ја водата во вино од садовите кои ги користеле Евреите за чистење“, Исус прави елоквентен знак: го претвора Мојсеевиот закон во Евангелие, кое е носител на радоста.“ Напомена дека Исус посебно упатува на лекот на милосрдието кој ја исцелува тврдоста на срцето, обновувајќи го односот помеѓу мажот и синот, помеѓу родителите и децата.
Папата Фрањо на крајот од својата порака изрази желба дека симпозиумот ќе помогне на Црквата во Италија да усвои и развие содржина и стил за Апостолскиот поттик „Amoris laetitia, а исто така ќе придонесе за формација на аниматари за семејни групи во парохиите, здруженијата и движењата, и исто така дека ќе го поддржи патот на многу семејства, помагајќи им да ја живеат радоста на Евангелието и да бидат активни во заедицата.
РВ/к.мк