СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дваесет и трети ден: Душа што ја почитува добрината на Срцето Исусово

Неизмерната љубов содржана во Срцето Исусово Го поттикнува да остане меѓу нас до свршетокот на светот. Свесен за тоа, исполни се со чувства на восхит и благодарност достојни за изобилството што ни е дарувано.

Уште повеќе, направи го Исусовото слегување во Евхаристијата предмет на своето внимание за време на молитвата, причеста и личното размислување. Восхитувај се на Словото што стана тело, на Словото присутно во Агнецот, која претставува жив образец на совршена душа.

Всушност, Исус е затвореник на љубовта: молчалив, послушен, сиромашен, понижен, без сопствени интереси. Така Тој ги храни и оживува душите, целосно жртвувајќи се Себеси.

И ти, на сличен начин, вежбајќи се во евхаристиските добродетели, ќе умираш за себе од час во час. Така ќе станеш живот за другите, ширејќи ја милосрдната љубов на Исус Христос.

Исусе, љубов моја; о Слово што стана тело! Кога ќе можам, како Тебе, целосно да се испразнам од себе?

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот