Тринаесетти ден: Душата, верна подржувателка на Пресветото Срце
Пресветото Срце бара од тебе овој ден особено да Го поддржуваш. Постави се пред Него како модел пред сликар што изработува портрет. Со љубов проучувај какви се чувствата, наклонетостите и движењата на желбите на ова Божествено Срце, за да можеш да Го поддржуваш најдобро што можеш.
Во ова прекрасно Срце ќе најдеш сè проникнато со блага кротост и длабока понизност. Ќе ја забележиш Неговата самозаборавеност и ќе сфатиш дека е преплавено со љубов кон тебе. Ќе сфатиш и колку си себичен, горделив и колку малку љубиш. Тоа длабоко ќе те понизи и силно ќе се трудиш да ги искорениш тие беди, за да има што помалку несразмерност меѓу Оригиналот и Неговата копија.
За да го постигнеш тоа, прашувај се пред секое дело, пред секоја средба со луѓето, при секоја борба: со какво внатрешно расположение Исус би го прифатил и поднел ова?
Затоа, обиди се да го обликуваш своето разбирање според Неговото, толку нежно и понизно. Поради тоа, не губи Го од вид овој Божествен Образец.
Исусе, за да можам да го поддржувам Твојот прекрасен пример, верно ќе го задржувам својот поглед на Тебе.
Кармел-бси/к.мк

