Се прекинуваат аудиенците на Папата преку летниот период

Ватикан, 11.7.2013 /к.мк/ – Префектурата на Папскиот дом соопшти дека во текот на летниот период ќе бидат прекинати сите приватни и посебни аудиенции на Светиот Отец. Така, Генералните аудиенции, кои се одржуваат секоја среда, во текот на месеците јули и август нема да се одржуваат. Овие аудиенции ќе бидат повторно редовни почнувајќи од 4 септември. Секоја недела во август Папата ќе ја моли молитвата Ангел Господов од Апостолската палата во Ватикан. На 15 август, на празникот Успение на Пресвета Богородца, Светиот Отец светата Литургија ќе ја служи во црквата во Кастел Гандолфо, а потоа ќе следи молитвата Ангел Господов од терасата на папската летна резиденција. Од 22 до 29 јули папата Фрањо ќе биде во Рио де Жанеиро, Бразил, каде што ќе учествува на Светскиот ден на младите. Во летниот период папата Фрањо има намера да остане во домот Света Марта во Ватикан, соопшти директорот на Ватиканскиот прес отец Федерико Ломбарди. Исто така, тој истакна дека на 8 јули завршува циклусот свети Литургии кои се служат секое утро во капелата на домот Света Марта во присуство на различни групи. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<