На 21 јуни 2021 година во Едукативниот Центар Сарај се одржа манифестацијата „Секое дете заслужува да биде ученик“, на која учествуваа деца од сите парохии од Струмичко-скопската епархија: Радово, Струмица, Нова Маала, Петралинци, Секирник, Сарај, Струмица – катедрала.
Сите деца заедно со своите пароси и капелани тргнаа со велосипеди од своите парохии и заеднички се упатија кон Сарај. Пристигнувањето во Центарот беше во 13.00 часот. Средбата започна со молитва во црквата, потоа имаше освежување за сите учесници во манифестацијата и заврши со заедничко дружење во дворот.
Манифестацијата секоја година се одржува на 1 септември што официјално се зема за почеток на учебната година и во месец јуни за завршеток на учебната година.
Наталија Стојанова/к.мк